УТРО.мк

Проданоски на средба со американската амбасадорка Варнс во Прилеп

Проданоски на средба со американската амбасадорка Варнс во Прилеп
Vero

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс, на која се разговарало за актуелните состојби, развојните процеси и идните приоритети на градот.

На средбата биле отворени повеќе значајни теми, меѓу кои и изработката на новиот Генерален урбанистички план, кој според Проданоски претставува еден од најважните документи за идниот развој на Прилеп.

„Како територијално најголема општина во државата, Прилеп има потреба од современо урбанистичко планирање што ќе овозможи долгорочен развој, подобра инфраструктурна организираност и поквалитетни услови за живот за граѓаните“, истакнал Проданоски.

Соговорниците разговарале и за образованието, како и за можностите за продлабочување на соработката со Амбасадата на САД, со цел отворање нови можности за младите во Прилеп.

Во фокусот на разговорите бил и туристичкиот потенцијал на градот, при што било нагласено значењето на манастирскиот туризам, културното наследство, природните убавини и алтернативните спортови во позиционирањето на Прилеп на туристичката мапа.

На средбата станало збор и за капиталните инфраструктурни проекти, особено за изградбата на обиколниците „Исток“ и „Запад“, кои во иднина треба да придонесат за подобра сообраќајна поврзаност, намалување на метежот и загадувањето, како и за побезбеден и пофункционален сообраќаен систем.

Проданоски потенцирал дека Општина Прилеп ќе продолжи да ги унапредува меѓународните и билатералните односи и соработката со пријателските земји, институции и партнери.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран