УТРО.мк

Претрес во Гостивар: Пронајдени автоматска пушка и 127 куршуми

Претрес во Гостивар: Пронајдени автоматска пушка и 127 куршуми
Vero

Полицијата во Гостивар приведе 69-годишен маж откако при претрес во неговиот дом и помошни простории биле пронајдени оружје и поголемо количество муниција.

Како што информира МВР, на 6 октомври полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода У.Р. (69) од Гостивар. Претресот бил извршен врз основа на судска наредба.

При претресот била пронајдена и одземена автоматска пушка со рамка со шест куршуми калибар 7,65 милиметри, како и уште една рамка со 17 куршуми од истиот калибар.

Покрај тоа, полицијата пронашла и повеќе кутии со вкупно 110 куршуми од различен калибар.

Лицето е задржано во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран