УТРО.мк

Аванс од 3.000 евра исчезнал – Нов случај на измама во Тетово

Аванс од 3.000 евра исчезнал – Нов случај на измама во Тетово
Vero

Жител на Тетово останал без 3.000 евра откако, според пријавата во полиција, платил аванс за стока која подоцна не му била испорачана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С. (39) од Турција, кој престојува во Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Според пријавеното, случајот се случил на почетокот на јануари годинава во продажен објект во Тетово. М.С. се договорил со 59-годишен жител на градот да му продаде стока, при што купувачот му исплатил 3.000 евра како аванс.

Остатокот од договорената сума требало да биде исплатен по доставувањето на стоката.

Меѓутоа, стоката не била испорачана, а парите што биле дадени како аванс не му биле вратени на оштетениот.

Поради случајот, СВР Тетово поднесе кривична пријава против 39-годишниот М.С.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран