
Пронајдена дрога во Тетово, од слобода се лишени две лица
На 05.10.2026 во 21:20 часот и во 21:55 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при СВР Тетово ги лишија од слобода Б.Р.(20) и Д.С.(50) од Тетово. При извршен преглед над Б.Р. била пронајдена и одземена марихуана, додека при извршен преглед над Д.С. бил пронајден и одземен хероин.























