
Двајца скопјани се повредени во сообраќајна незгода што утрово се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, во која учествувале камион и два автомобили.
Според информациите од МВР, незгодата била пријавена околу 6:50 часот во СВР Скопје.
Во судирот учествувале товарно моторно возило „МАН“ со полуприколка, управувано од 59-годишниот К.Д. од Скопје, автомобил „Сеат“, управуван од 29-годишниот Т.Р., како и „Фолксваген пасат“, управуван од 48-годишниот А.Ј., двајцата од Скопје.
Во несреќата биле повредени возачите на „Сеатот“ и „Пасатот“.
Тие биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што им била укажана лекарска помош.























