
На вториот регионален состанок во Белград, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со колегите од Србија, Грција и Бугарија разговараше за конкретни чекори за зајакнување на енергетската сигурност во регионот.
Во фокусот биле новите енергетски коридори и можностите за поголема диверзификација и регионално поврзување.
Според Божиновска, преку Вертикалниот гасен коридор Македонија добива нов правец за снабдување преку Грција, додека коридорот Исток–Запад отвора дополнителни можности за зајакнување на регионалните енергетски врски.
„Македонија станува важна енергетска врска во регионот“, порача Божиновска.























