
Изет Меџити го поздрави изборот на академичката Јустина Широка Пула за нова претседателка на Косово, оценувајќи дека нејзиниот избор претставува признание за нејзиниот интелектуален и академски придонес.
„Новата претседателка на Косово, академичката Јустина Широка Пула, ја познаваме преку нејзиниот интелектуален придонес и книгите од областа на економијата. Таа е докажана интелектуалка, а нејзиниот избор го почитува не само институцијата претседател, туку и целиот академски свет“, наведува Меџити.
Според него, изборот на Широка Пула е важен чекор за Косово во насока на зајакнување на институционалната и политичката стабилност, во период кој го опишува како предизвикувачки за земјата и за лидерите на ОВК кои се соочуваат со судски процес.
Меџити го поздрави и постигнатиот консензус, оценувајќи го како знак на политичка зрелост и визија за надминување на институционалниот застој.
Тој упати честитки до косовскиот премиер Албин Курти за, како што наведува, покажаната зрелост и одговорност во овој момент.
„Косово има потреба од силни институции, стабилност и политичко единство. Честитки Косово!“, порача Меџити.























