УТРО.мк

Зимата тропа на врата: По 10 октомври се најавува првиот снег

Зимата тропа на врата: По 10 октомври се најавува првиот снег
Vero

Втората декада од октомври може да донесе вистински зимски пресврт на Балканот, со услови за првиот посериозен планински снег сезонава.

Новите ажурирања на глобалниот метеоролошки модел GFS и понатаму покажуваат можност за формирање на посериозна снежна покривка на планините ширум Балканот, вклучително и во Македонија, по 10 октомври.

Според метеорологот Славчо Попоски, актуелните прогнози укажуваат дека снежната граница би можела да се спушти и на пониска надморска височина, што би значело значително заладување во однос на досегашните октомвриски температури.

Сепак, Попоски посочува дека за поточна прогноза потребно е да се следат наредните ажурирања на моделите, бидејќи деталите околу интензитетот и висината на снежната граница сè уште може да претрпат промени.

Доколку актуелните сценарија се остварат, втората декада од октомври би можела да донесе први посериозни зимски услови на повисоките планини во Македонија и регионот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран