УТРО.мк

Токму кога почнаа проверките – пресечени гумите на возилата на Центарот за социјални работи

Токму кога почнаа проверките – пресечени гумите на возилата на Центарот за социјални работи
Vero

Вчера утрото, откако директорката на Центарот за социјални работи Тетово (ЦСР Тетово) Магдалена Веселиноска издала наредби на вработените во Центарот да се изврши увид на терен и да се проверуваат корисниците на социјални пензии, односно на каков начин се доделуваат социјалните пензии во овој град, некој ги пресекол гумите на службените возила во кои службениците се превезуваат од адреса до адреса за да ги вршат тие увиди, дознава „Слободен печат“. 

Кога се вратени снимките од камерите, немало струја за да се види кој ги оштетил возилата. Од СВР Тетово потврдија дека е пријавен настан со оштетено возило, а настанот е пријавен во 8 часот и 15 минути утрото.

Претходно премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

– До овој момент имаме повеќе од 4.500, значи не 45, не 450, туку 4.500 лажни корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, рече Мицкоски.

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски завчера најави дека се вршат проверки на корисниците на гарантирана минимална помош и социјална сигурност за стари лица. Тој посочи дека досега се прекинати исплатите на овие права кај повеќе од 3 илјади корисници поради утврдени злоупотреби и акцијата влегува во завршна фаза.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран