
Жителите на повеќе населени места во Тетовско утре, 6 октомври, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.
Според најавата, во периодот од 08:45 до 14:45 часот, без струја ќе бидат делови од Желино, односно селата Седларево, Луковица и Гургурница.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, прекин на електричната енергија е планиран во Желино, како и во дел од село Ларце, каде без струја ќе бидат објектите што се наоѓаат во близина на џамијата.
Исто така, од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе биде и Желино-Добарце, како и дел од село Копачин Дол.
Прекин од 09:00 до 14:00 часот е најавен и за дел од село Ларце, каде што ќе бидат опфатени објектите кои се наоѓаат во близина на училиштето.
Прекините се планирани поради интервенции и работи на електродистрибутивната мрежа.























