
Жителите на дел од општина Карпош утре, 6 октомври, ќе останат без електрична енергија поради планиран прекин.
Според најавата, прекинот ќе започне во 08:40 часот, а електричната енергија треба да биде повторно пуштена до 13:00 часот.
Без струја ќе останат корисниците на улиците „Миладин Поповиќ“, „Драган Ѓаконовски Шпато“ и „Беџих Сметана“.
Станува збор за планиран прекин поврзан со интервенции на електродистрибутивната мрежа.























