УТРО.мк

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците
Vero

ЈКП „Водовод“ – Битола започнува организирана теренска акција за проверка и ажурирање на податоците за корисниците, водомерите и водоводните приклучоци.

Во првата фаза, екипите на претпријатието ќе работат во Долно Оризари, Буковски Ливади и Старата Битолска Чаршија.

Од „Водовод“ ги повикуваат корисниците од овие подрачја да обезбедат слободен и безбеден пристап до водомерите. Доколку има потреба, граѓаните треба да бидат достапни и за проверка и усогласување на податоците со кои располага претпријатието.

Акцијата ќе се спроведува етапно и во други делови на Битола, а граѓаните дополнително ќе бидат информирани за продолжувањето на теренските активности.

Од ЈКП „Водовод“ апелираат за соработка од страна на корисниците, со цел навремено ажурирање на податоците и подобрување на сигурноста на водоснабдувањето.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран