УТРО.мк

Рекордна сума во игрите на среќа: 1,6 милијарди евра потрошени во казина, обложувалници и слот-апарати

Рекордна сума во игрите на среќа: 1,6 милијарди евра потрошени во казина, обложувалници и слот-апарати
Vero

Речиси 1,6 милијарди евра биле потрошени на игри на среќа во Македонија во првите шест месеци од годинава, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.

Во сумата се опфатени средствата што ги уплатиле и граѓани на Македонија и странски државјани, а најголем дел од парите биле потрошени преку електронски апарати за игри на среќа.

Значителен обем на средства и понатаму се врти и преку казината и обложувалниците, што покажува дека игрите на среќа остануваат голем финансиски сектор во земјата.

Податоците доаѓаат во период кога се применуваат нови мерки поврзани со локацијата на објектите за игри на среќа. Со нив се ограничува нивната близина до училиштата и другите образовни институции.

Од приредувачите на игри на среќа, пак, се спротивставуваат на дислоцирањето на објектите. Тие сметаат дека ограничувањето на физичката близина до училиштата нема да го запре коцкањето, туку дел од активноста би можел да се пренасочи кон нелегални канали.

Според нивните аргументи, преместувањето на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците надвор од зоните во близина на образовните институции би можело да доведе до зголемување на активностите кои не се под државен надзор и контрола.

Висината на сумата потрошена за само половина година покажува колкав финансиски обем има пазарот на игри на среќа во земјата, додека дебатата околу регулацијата и локацијата на објектите продолжува.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран