УТРО.мк

Божиновска: Нови чекори за зајакнување на енергетската соработка со Бугарија

Божиновска: Нови чекори за зајакнување на енергетската соработка со Бугарија
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Белград оствари билатерална средба со бугарската министерка за енергетика Ива Петрова, во рамки на Вториот министерски самит на Македонија, Бугарија, Грција и Србија.

На средбата, на која присуствуваа претставници на Министерството, МЕПСО и НОМАГАС, како и високи претставници на бугарски енергетски компании и институции, биле разгледани конкретни можности за продлабочување на соработката во енергетиката.

Посебен фокус бил ставен на батериските системи за складирање електрична енергија. Македонската страна изразила интерес за искуствата на Бугарија во однос на техничките решенија, регулативата, финансирањето и реализацијата на ваквите проекти.

Бугарската страна изразила подготвеност да ги сподели своите искуства и експертиза со македонските институции и компании.

На средбата се разговарало и за продолжување на соработката за подобро поврзување на електроенергетските пазари и унапредување на прекуграничната размена на електрична енергија.

Во фокусот била и енергетската сиромаштија, при што двете страни размениле искуства за мерките и политиките што можат да придонесат за подостапна и посигурна енергија за граѓаните.

Божиновска и Петрова разговарале и за идните енергетски планови и проекти на двете земји, како и за можноста за заеднички настап пред меѓународни финансиски институции и донатори за обезбедување средства за стратешки и регионално значајни проекти.

Разговорите ги опфатиле и новите технологии во енергетиката, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу компаниите и институциите од двете земји.

Во тој контекст било нагласено значењето на соработката меѓу МЕПСО, НОМАГАС и МЕМО и нивните партнери во Бугарија, со цел размена на знаења и искуства и реализација на конкретни активности.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран