ОВР Свети Николе поднесе кривична пријава против И.С. од с.Амзабегово, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 28.07.2025 во с.Амзабегово пријавениот нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејства.