УТРО.мк

Оган проголта две куќи во Лисиче, повреден едно лице

Оган проголта две куќи во Лисиче, повреден едно лице
Vero

Во доцните ноќни часови на 2 август, силен пожар избувна во скопската населба Лисиче, при што целосно изгореа две куќи, а трета беше делумно оштетена. Пожарот бил пријавен во 01:30 часот во СВР Скопје, а се случил на улицата Ѓорѓе Андреевиќ-Кун.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, опожарени се куќите на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30), кои целосно изгореле, а дел од покривната конструкција бил зафатен и на куќата на нивниот сосед С.Г. (57).

Пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а повреден е С.С., кој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување медицинска грижа.

Од МВР соопштија дека увидот на местото на настанот ќе се изврши во текот на денешниот ден, по што ќе се утврдат причините за пожарот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран