Во вторник вечерта на улицата „Маршал Тито“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „Туран“ со локални регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.Ф. од Кичево, удрило во мопед што го управувал 13-годишен малолетник.
По ударот, возачот го напуштил местото на настанот, но полицијата брзо презела мерки и го пронашла. Со него бил извршен службен разговор.
Малолетниот возач на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, потврдени во Медицинскиот центар во Кичево. Увид на местото извршила екипа на ОВР Кичево, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.























