Вечерва на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз-Тито“ повторно беше удрен пешак. На социјалните мрежи се појави видео од моментите по несреќата, на кое се гледа повредениот маж како седи на коловозот додека минувачи му укажуваат прва помош.
Од МВР се очекуваат повеќе информации за состојбата на пешакот и околностите под кои се случила несреќата.
Ова е втор инцидент на истиот премин во рок од еден месец. Претходно, возач на џип со голема брзина удри жена и побегна од местото на настанот, а подоцна беше уапсен на патот кон Средно Водно.























