М.Е. (43) од Штип се соочува со кривична пријава за „предизвикување општа опасност“, откако по негова вина изгореле околу пет хектари нискостеблеста шума, сува трева и делови од три куќи во селото Љуботен.
Според СВР Штип, на 24 септември тој запалил оган во дворот на семејната куќа и ја напуштил локацијата без да го изгаси целосно. По одредено време огнот повторно се разгорел, брзо се проширил и зафатил дел од дворот, две подрумски простории во неговиот дом, како и делови од две соседни куќи и гаража.
Пожарот предизвикал значителна материјална штета и бил локализиран по интервенција на противпожарните екипи. Полицијата поднесе кривична пријава против пријавениот.























