УТРО.мк

Пукање во близина на Белата куќа – Двајца припадници на Националната гарда застрелани

Пукање во близина на Белата куќа – Двајца припадници на Националната гарда застрелани
Vero

Двајца припадници на Националната гарда од Западна Вирџинија – маж и жена – беа застрелани вчера попладне во близина на Белата куќа, соопштија американските власти. Двајцата се во критична состојба.

Гувернерот на Западна Вирџинија, Патрик Мориси, соопшти дека е „потресен“ од настанот, додавајќи дека државата стои зад семејствата на ранетите гардисти и ќе бара целосна правда.

Метрополитен полицијата информира дека осомничениот напаѓач е уапсен и исто така се наоѓа во критична состојба. На местото на инцидентот реагирале повеќе федерални агенции, меѓу кои У.С. Маршалс, АТФ и ФБИ. Министерството за домашна безбедност потврди дека соработува со локалните органи во истрагата.

Пукањето било пријавено околу 14:20 часот по локално време, на влезот од метро-станицата „Фарагат Вест“, недалеку од Белата куќа. Поради инцидентот, Белата куќа беше ставена во привремен карантин, иако претседателот Доналд Трамп во тој момент се наоѓаше на Флорида каде го поминува Денот на благодарноста.

Трамп изрази поддршка за ранетите гардисти и безбедносните служби, додавајќи дека „нападот нема да остане неказнет“. Националната гарда е присутна во Вашингтон од август, како дел од федералното преземање на безбедноста во градот.

Потпретседателот Џеј Ди Венс, кој вчера беше во Кентаки, изјави дека мотивот за нападот се уште не е познат, нагласувајќи дека инцидентот е потсетник на ризиците со кои се соочуваат припадниците на вооружените сили на САД.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран