УТРО.мк

Тетовото во жалост по смртта на пејачот Шпат Касапи

Тетовото во жалост по смртта на пејачот Шпат Касапи
Vero

Тетовскиот пејач Шпат Касапи почина на 40-годишна возраст, утринава рано, поради срцев удар, пренесува Тетово Инфо. Според информациите, тој доживеал инфаркт, иако претходно не бил евидентиран со здравствени проблеми.

Касапи е роден во 1985 година во Тетово и е син на поранешната пратеничка од СДСМ, Ѓулумсер Касапи.

Од Центарот за култура во Тетово изразија длабоко сочувство и потсетија дека токму таму ги направил своите први чекори во музиката.

„Во 1998 година на детскиот фестивал беше прогласен за победник со песната ‘Ќе станам банкар’, песна која со години одекнуваше“, порачаа од Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“.

Шпат Касапи беше активен изведувач на поп музика и останува запаметен како едно од препознатливите млади имиња на тетовската музичка сцена.

(Фотографија: Фејсбук профил на Центарот за култура)

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран