Кина предупреди дека ќе „ги сотре“ сите обиди на странци да се вмешаат во прашањето на Тајван, откако Јапонија најави планови за поставување проектили во близина на демократски управуваниот остров.
„Имаме цврста волја, силна решителност и способност да го одбраниме нашиот национален суверенитет и територијален интегритет“, рече Пенг Кинген, портпарол на Кинеската Канцеларија за прашања со Тајван, на прес-конференција во средата.
„Ќе го сотреме секое странско мешање“, додаде Пенг одговарајќи на прашање за планираното поставување проектили на соседниот јапонски остров.
Тој нагласи дека „јапонското поставување на офанзивно оружје во региони покрај кинеската област Тајван е исклучително опасно, намерно создава регионални тензии и предизвикува воен конфликт“.
Овие коментари следат по неделната изјава на јапонскиот министер за одбрана, Шиниџир Коизуми, дека Токио продолжува со плановите за поставување ракетен систем на Јонагунуи, најзападниот остров на земјата, кој се наоѓа 110 км од источниот брег на Тајван и каде што од 2016 година се наоѓа јапонска воена база.
Коизуми рече дека поставувањето на ракетниот систем земја-воздух со среден дострел на Јонагунуи ќе ја зајакне безбедноста на Јапонија, пренесува „Ал Џезира“.























