УТРО.мк

Коњановски: Ги прошируваме капацитетите на битолските градинки (ВИДЕО)

Коњановски: Ги прошируваме капацитетите на битолските градинки (ВИДЕО)
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, соопшти дека општината континуирано инвестира во зголемување на капацитетите на детските градинки, со цел да одговори на зголемените потреби на родителите и подобрување на условите за најмладите.

Според него, во тек се активности за доградба и адаптација на постојните објекти, како и подготовка на проектна документација за изградба на нови просторни капацитети во неколку населби.

„Наш приоритет е секое дете во Битола да има безбеден и квалитетен простор за згрижување. Со новите инвестиции овозможуваме модерни услови, повеќе воспитувачи и подобра услуга за семејствата“, изјави Коњановски.

Од општината додаваат дека во наредните месеци ќе следуваат нови интервенции во инфраструктурата, со фокус на проширување на капацитетите и енергетска ефикасност на објектите за ран детски развој.

Видеото може да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран