Полицијата приведе девет државјанки на Колумбија во гостиварското село Добридол, под сомнеж за злоупотреба на туристичкиот престој, соопшти СВР Тетово. Акцијата била изведена во угостителски објект, каде што биле затекнати вкупно 13 жени – девет од Колумбија и четири македонски државјанки.
Колумбиските државјанки, идентификувани како П.Ц.Д.М. (32), Д.Ј.Ј.Р. (28), Х.М.М.Л. (23), О.К.Е. (34), З.М.А.М. (24), Х.Б.К.В. (20), Ј.Н.В. (26), Л.С.Ј.Р. (26) и П.М.М.М. (32), биле приведени и против нив се поднесени соодветни пријави.
Основниот суд во Гостивар им изрече забрана за влез во државата во траење од една година, како и парична казна. Според полицијата, контролите ќе продолжат и во наредниот период.























