УТРО.мк

Загриженост во Израел – САД продава моќен борбен авион на блискиот исток

Загриженост во Израел – САД продава моќен борбен авион на блискиот исток
Vero

САД се подготвуваат да ѝ продадат на Саудиска Арабија основен модел од најсовремените ловци Ф-35, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски извори. Одлуката доаѓа по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно најави дека Ријад ќе добие авиони од петтата генерација – технологија што досега ја поседува само Израел на Блискиот Исток.

Најавата предизвика силна загриженост во Израел, кој стравува дека договорот би можел да ја наруши квалитативната воена супериорност на Израелските одбранбени сили, принцип што е гарантиран и со американски закон. Американскиот сенатор Марко Рубио, според порталот, ветил дека ќе води дополнителни разговори со Тел Авив за да обезбеди дека продажбата нема да ги поткопа регионалните безбедносни рамнотежи.

Средбата помеѓу престолонаследникот Мохамед бин Салман и претседателот Трамп на 18 ноември во Белата куќа резултираше со низа економски и одбранбени договори. Трамп по средбата објави дека Саудиска Арабија добива статус на главен сојузник на САД надвор од НАТО.

Доколку испораката на Ф-35 стане реалност, Израел веќе најави дека ќе бара дополнителни безбедносни гаранции. Тел Авив инсистира борбените авиони за Ријад да не бидат стационирани во базите во западниот дел на Саудиска Арабија – најблиските до израелската територија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран