УТРО.мк

Двајца малолетници обвинети за сериозни злосторства против 12-годишно девојче

Двајца малолетници обвинети за сериозни злосторства против 12-годишно девојче
Vero

СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство за двајца малолетници од градот, осомничени за сериозни кривични дела. 16-годишник е обвинет за „полов напад и силување“ извршено врз 12-годишно девојче на 12 ноември 2025 година. На наводниот сторител му е одреден 30-дневен притвор по наредба на надлежен судија, откако полицијата го пронајде и го лиши од слобода. Според истрагата, обљубата била снимена од друг малолетник.

14-годишникот, пак, е осомничен за „уцена“. Тој, откако го добил видеото од инцидентот, на 20 ноември 2025 година ја уценувал малолетничката да имаат сексуален однос, заканувајќи се дека ќе го објави видеото доколку таа одбие.

Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници заедно со претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службени разговори со жртвата и со двете пријавени лица. По комплетирање на доказите, случајот е проследен до надлежното обвинителство.

Оваа ситуација предизвика загриженост во локалната заедница, со оглед на сериозноста на делата и младоста на вмешаните лица. Бидејќи станува збор за малолетни лица, наместо кривична пријава до обвинителството е објавено тнр. известување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран