УТРО.мк

Kривична пријава против поранешни директори

Kривична пријава против поранешни директори
Vero

Секторот за внатрешни работи – Струмица поднесе кривична пријава против тројца поранешни и актуелни вработени во Казнено-поправната установа затвор „Струмица“. Станува збор за поранешниот директор Б. Ц. (41), поранешниот вршител на должноста директор В. М. (36) и заповедникот на затворската полиција В. Т. (42), кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според истрагата, Б. Ц. и В. М. додека ја извршувале функцијата, постапувале спротивно на правилникот на установата, издавајќи решенија за користење погодности без пропишаната постапка. Б. Ц. овозможил краткотраен излез на едно осудено лице во три наврати, додека В. М. овозможил седум лица во 32 наврати да излезат краткотрајно, како и две лица да користат годишен одмор без исполнување на условите. Дополнително, тој овозможил четири лица да бидат префрлени од полуотворено во отворено одделение и покрај тоа што не ги исполнувале критериумите.

Кривична пријава е поднесена и против В. Т., заповедникот на затворската полиција, кој без соодветно образование добил овластување за ресоцијализација и истовремено ја раководел затворската полиција, извршувајќи две неспојливи функции.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран