УТРО.мк

Коњановски: Се привршува влезот на Битола од страната на Прилеп (ВИДЕО)

Коњановски: Се привршува влезот на Битола од страната на Прилеп (ВИДЕО)
Vero

Со засилени градежни активности, булеварскиот влез во Битола од правецот на Прилеп добива финален изглед. Работите на терен се изведуваат со дневни и ноќни смени, при што се врши асфалтирање, поставување на инсталации, уредување на тротоари и атмосферска канализација.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изјави дека сообраќајниот режим е организиран така што се минимизираат застои, а воедно се овозможува квалитетна реализација на проектот.

„Битола заслужува современ и европски влез во градот, а битолчани со право очекуваат нивниот град да има достоинствен влез што ќе ја рефлектира историјата и современоста на Битола,“ нагласи Коњановски.

Од општината посочуваат дека наскоро ќе биде финализиран целосниот изглед на овој значаен инфраструктурен зафат, кој се смета за еден од најважните за развојот и имиџот на градот.

Видеото може да го погледнете тука

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран