На 24 септември 2025 година околу 15:40 часот, во Скопје се случи сообраќајна несреќа на крстосницата од булевар „Гоце Делчев“ и улица „Филип Втори Македонски“. Во несреќата учествувале патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х. (45) од с. Желино, Тетово, и патничко возило „сеат алтеа“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (43) од Тетово, соопшти МВР.
При судирот, возачот на „сеат алтеа“ и неговиот сопатник Е.С. (35) од с. Долна Бањица, Гостиварско, се здобиле со тешки телесни повреди и им била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“.
Полицијата продолжува со расчистување на случајот и утврдување на причините за несреќата.