УТРО.мк

Три лица уапсени по големиот пожар во Прилеп – депонијата била намерно запалена!

Три лица уапсени по големиот пожар во Прилеп – депонијата била намерно запалена!
Vero

Три лица се уапсени во Прилеп поради намерно палатње на дива депонија, соопшти МВР. Осомничените се товарат за кривичното дело „Предизвикување на општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик.

„Полициските службеници од ОВР Прилеп ги фатија Ф. М. (38) од Битола, како и М. С. (56) и А. Н. (23), двајцата од Прилеп, кои на 24.09.2025 во населбата Тризла намерно предизвикале пожар на дива депонија“, соопшти МВР.

Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп. По целосно документирање на случајот, против осомничените ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран