На 24.09.2025 во периодот од 10:30 до 14:00 часот на подрачјето на Тетово, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово, на улица „Маршал Тито“ и на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, ги приведоа Б.М.(29), А.Ц.(23), Ч.Љ.(27), Ф.Љ.(34), К.Л.(53) и Р.Љ.(33), сите од Р.Косово и М.С.(46), К.К.(40), Г.Д.(36), Ф.О.(32), Р.Л.(38) А.П.(33) и еден малолетник, сите од Република Албанија, затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој во државата, односно престојувале спротивно на целта. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.