УТРО.мк

Bosch отпушта 13.000 работници во Германија поради криза во автомобилската индустрија

Bosch отпушта 13.000 работници во Германија поради криза во автомобилската индустрија
Vero

Германскиот концерн „Bosch“ најави отпуштање на 13.000 вработени во Германија, откако минатата година веќе беа намалени повеќе од 10.000 работни места. Најпогодени се фабриките поврзани со автомобилската индустрија, но укинувања ќе има и во седиштето на компанијата.

Од „Bosch“ соопштија дека ова се „неопходни чекори“ за да се заштедат 2,5 милијарди евра годишно. Главна причина за отпуштањата е кризата во германската автомобилска индустрија, како и потребата од инвестиции во нови технологии поврзани со електрификацијата и автономното возење.

„Технологиите на иднината, како што се електромобилноста или автономните возила, претставуваат одлична можност, но нивната експанзија драстично доцни“, изјави директорот на концернот, Стефан Грош, додавајќи дека побарувачката сè повеќе се префрла надвор од Европа.

„Bosch“ веќе минатата година започна со намалување на работната сила во секторот за снабдување на автомобилската индустрија, со отпуштање на 10.000 луѓе.

Објавата доаѓа истовремено со презентирањето на есенскиот економски преглед за Германија, во кој се предвидува раст за следните две години, благодарение на најавените државни инвестиции. Сепак, економистите предупредуваат дека станува збор за краткорочен ефект и дека Германија, со постојан пад на извозот, има потреба од длабоки структурни реформи.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран