УТРО.мк

Нови партнерства за геологијата и рударството – македонската делегација во Љубљана

Нови партнерства за геологијата и рударството – македонската делегација во Љубљана
Vero

Делегација од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес оствари службена посета на Геолошкиот завод на Словенија. Посетата претставува значајна можност за размена на искуства и воспоставување соработка во областа на геологијата, рударството и заштитата на животната средина.

На средбата со словенечките експерти беа дискутирани повеќе теми од заемен интерес, меѓу кои:

• Експертска помош околу законската регулатива

Презентирана беше анализа на словенечкото законодавство во областа на геологијата и рударството, со можности за адаптација на добри практики во македонскиот контекст.

• Експертска поддршка за изработка на Стратегијата 2025–2045

Разговарано беше за вклучување на долгорочни цели за одржливо управување со геолошките ресурси и интеграција на климатските и еколошките аспекти во стратешкото планирање.

• Соработка меѓу геолошките заводи

Потпишан е меморандум за соработка помеѓу геолошките заводи, со цел формализирање на партнерства, заеднички истражувачки активности, како и размена на податоци, технологии и експертиза.

• Заеднички проекти за рекултивација и мапирање на критични точки

Идентификувани се можности за иницирање на заеднички проекти за санација на деградирани подрачја и геолошко мапирање на ризични зони во Македонија.

Со оваа посета се поставуваат основи за интензивирање на институционалната и експертска соработка со Словенија, што ќе придонесе за унапредување на македонските политики и практики во областа на геологијата, рударството и заштитата на животната средина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран