УТРО.мк

Дел од граѓаните ќе одат со Албанија, дел со Бугарија, ако не продолжи патот кон ЕУ, порача Ахмети од Тетово

Дел од граѓаните ќе одат со Албанија, дел со Бугарија, ако не продолжи патот кон ЕУ, порача Ахмети од Тетово
Vero

Ако не го продолжиме патот кон Европската унија некои граѓани ќе одат со Албанија, а некои со Бугарија порача синоќа на отворањето на изборниот штаб во Тетово, лидерот на ДУИ Али Ахмети. 

„Ако не го продолжи Македонија својот пат кон ЕУ, тогаш граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а другите со Бугарија!“, рече Ахмети. 

Изјавата беше директно обраќање до премиерот Христијан Мицкоски. 

– Оваа извонредна мобилизација е доказ дека Албанците се обединети, решени и подготвени да ги бранат достоинството, еднаквоста и европската иднина на земјата. Обединувањето на политичките сили во овој сојуз е нашиот најсилен одговор на предизвиците, кои ги сервираат ‘задоцнетите патриоти’. Знаеме дека не е лесен нашиот пат, но нашето единство е гаранција оти никој не може да нè запре. Овој плебисцит не е за една партија, ниту за еден поединец, туку за сите Албанци и за нашата земја – изјавил Ахмети.

Извор: a1on.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран