УТРО.мк

Паднаа жестоки закани, Медведев му одговори на Зеленски: „Американците треба да го запаметат тоа“

Паднаа жестоки закани, Медведев му одговори на Зеленски: „Американците треба да го запаметат тоа“
Vero

По изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека е подготвен да се повлече од функцијата по завршување на војната со Русија, поранешниот руски претседател и сегашен заменик на претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев одговори со жестоки закани.

Зелески во интервју за Axios изјави дека неговата главна цел е завршување на војната и дека би побарал од украинскиот парламент да организира претседателски избори доколку се постигне примирје. Тој, исто така, истакна дека Киев бара ново оружје со долг дострел од САД за зајакнување на одбраната.

Медведев преку социјалните мрежи возврати: „Русија би можела да користи оружје од кое ни најблиското бомбо-склониште нема да помогне. И Американците треба да го запаметат тоа“.

Конфликтот продолжува, со редовни руски напади на Украина, вклучувајќи стотици дронови и проектили, додека украинските сили возвраќаат со дронови со долг дострел насочени кон воена инфраструктура и енергетски објекти.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран