УТРО.мк

Поранешен висок Руски функционер e пронајден мртов

Поранешен висок Руски функционер e пронајден мртов
Vero

Телото на маж за кој се верува дека е Александар Федотов, поранешен претседател на Комитетот за развој на транспортната инфраструктура, денес е пронајдено во Москва, потврдија повеќе извори за веб-страницата Фонтанка.

Според информациите, телото било најдено под прозорецот на хотел во Шереметјево, каде што Федотов најверојатно престојувал во соба на еден од повисоките катови, а смртта настапила претходниот ден.

Александар Федотов дипломирал на Воениот транспортен универзитет на руските железнички трупи и се пензионирал со чин капетан. Работел во Дирекцијата за транспортна изградба и во Севзапуправтодор, а во 2022 година бил назначен за заменик-шеф, а потоа и претседател на Комитетот за развој на транспортната инфраструктура. За време на неговиот мандат, комитетот повеќе не бил одговорен за изградбата на метрото во Санкт Петербург, која преминала под Комитетот за градежништво.

Во април 2024 година, Федотов поднел оставка од функцијата шеф на Комитетот за индустриски развој и инфраструктура по сопствено барање.

Смртта на Федотов се случи еден ден по откривањето на телото на Борис Авакијан, поранешен руски функционер кој избега од судницата во Санкт Петербург и беше пронајден мртов во ерменскиот конзулат на островот Василевски, објави „Медуза“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран