Два унгарски ловци „Грипен“, кои учествуваат во мисијата на НАТО за воздушна патрола над Балтикот, полетаа од базата Шјауљај во Литванија како одговор на лет на пет руски воени авиони во близина на латвискиот воздушен простор. Според соопштението објавено на Платформа X, станува збор за Су-30, Су-35 и три МиГ-31.
Од НАТО порачаа дека со оваа интервенција Унгарија ја потврдила својата посветеност на Алијансата во одбраната на балтичките држави и на источниот крило.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека во случаи на можни нарушувања на воздушниот простор секоја закана ќе биде внимателно оценета, а одлуките за одговор ќе се носат индивидуално во зависност од ситуацијата.