УТРО.мк

Ѓорѓиевски од Припор: Саздо и Бранко остануваат во нашата колективна меморија

Ѓорѓиевски од Припор: Саздо и Бранко остануваат во нашата колективна меморија
Vero

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва присуствуваше на финалето од Меморијалниот турнир „Бранко Ѓуровски“ во населбата Припор. Настанот се одржа на фудбалскиот терен кој го носи името на Никола Саздовски – Саздо, млад човек чиј живот прерано заврши, а чие име останува во колективната меморија.

„И Бранко и Саздо се имиња врежани во нашата заедница. Тие оставија белег кој ние ќе го чуваме и ќе го негуваме засекогаш,“ изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека спортскиот центар во Припор претставува симбол на нивниот дух, место каде младите се дружат и создаваат пријателства.

Тој им се заблагодари на организаторите и најави дека од следната година град Скопје ќе биде генерален покровител на турнирот, со што настанот ќе прерасне во симбол за целиот град.

„Заедно ги чуваме спомените и градиме иднина полна со единство и љубов,“ порача Ѓорѓиевски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран