УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива свој прв плоштад во Расадник

Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива свој прв плоштад во Расадник
Vero

Кисела Вода за првпат ќе добие јавен плоштад, кој се гради во срцето на населбата Расадник, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Според него, плоштадот ќе внесе свежа енергија во секојдневието на жителите и ќе го подобри урбаниот изглед на општината.

„Денеска направив увид на терен и со големо задоволство можам да кажам дека веќе се обликува место на кое сите ќе уживаме“, изјави Ѓорѓиевски.

Новата површина од 4.000 м² ќе вклучува парковско зеленило, современо детско игралиште, фонтанa, урбана опрема и современо осветлување. Средствата за овој проект се обезбедени преку повикот за капитални инвестиции од Владата.

Плоштадот ќе се наоѓа во непосредна близина на спортската сала „Расадник“, која исто така се реновира од темел, додава градоначалникот. Со новиот плоштад, жителите на Расадник и пошироката околина добиваат место за рекреација, дружење и одмор.

„Ова е уште еден чекор кон поквалитетно секојдневие, повеќе простор за семејни активности и подобрен урбан изглед на нашата населба“, нагласи Ѓорѓиевски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран