УТРО.мк

Започна реконструкцијата на улицата „Иво Рибар Лола“ во Тетово

Започна реконструкцијата на улицата „Иво Рибар Лола“ во Тетово
Vero

Денес започнаа активностите за реконструкција на улицата „Иво Рибар Лола“, на потегот од „Герта“ до спојот со улицата „Кузман Јосифовски Питу“.

Со започнувањето на стругањето се отвора првата фаза од проектот, кој предвидува целосно уредување и обновување на оваа значајна сообраќајница. Целта е обезбедување квалитетна и безбедна инфраструктура за жителите и сите учесници во сообраќајот.

Според надлежните, ова е уште еден доказ дека реализацијата на ветувањата продолжува без застој. „Чекор по чекор, заедно со граѓаните, ги менуваме улиците, квартовите и целиот град“, истакнаа од општината.

Реконструкцијата е дел од заложбата за современи услови во Тетово и обезбедување на подобра урбана инфраструктура за сите граѓани.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран