УТРО.мк

Започнаа подготовките за изградба на пречистителната станица во Битола

Започнаа подготовките за изградба на пречистителната станица во Битола
Vero

Во Министерството за животна средина и просторно планирање се одржа првиот состанок на Управувачкиот комитет за проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води и реконструкција на канализационата мрежа во Битола.

Комитетот е составен од претставници на Министерството за животна средина, општина Битола, Јавното претпријатие „Нискоградба“, Министерството за финансии и Делегацијата на Европската унија.

На состанокот беше презентиран моменталниот статус на проектот, кој се наоѓа во фаза на идеен проект за пречистителната станица. Документот е веќе доставен од страна на изведувачот до надзорот, а се разговараше и за следните чекори: изработка на основниот проект, организацијата и мобилизацијата на градилиштето, безбедносните аспекти, како и квалитетот на работата.

За наредниот период предвидено е интензивирање на активностите поврзани со проектирањето и унапредена координација помеѓу сите засегнати страни.

Со реализацијата на овој проект се очекува значително подобрување на животната средина, поефикасен третман на отпадните води и современа инфраструктура во општина Битола.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран