
Жителка на Тетово пријавила во полиција дека нејзината мајка ја измамила и ги злоупотребила нејзините лични податоци во постапка поврзана со поделба на имот.
Според информациите од СВР Тетово, на 5 јуни 2026 година во 15:50 часот, 46-годишна жена од Тетово пријавила кривично дело „измама“ сторено од нејзината мајка.
Како што навела во пријавата, мајката ја довела во заблуда барајќи од неа лична карта и потпис на празен лист хартија, кои подоцна ги искористила во врска со поделба на имот.















