УТРО.мк

Бизнисменот Убовиќ се обидел да го удри со глава Абазовиќ, инцидент во судот во Подгорица

Бизнисменот Убовиќ се обидел да го удри со глава Абазовиќ, инцидент во судот во Подгорица
Vero

Во Судот за прекршоци во Подгорица денеска се случил инцидент и краткотраен конфликт меѓу поранешниот премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и бизнисменот Ранко Убовиќ.

Според информации објавени од медиумот „Вијести“, инцидентот се случил при влегувањето во судницата, кога Убовиќ наводно направил нагло движење со главата и лесно го допрел Абазовиќ по лицето. По ова, настанала кратка напнатост, а интервенирала полицијата која го оттурнала Убовиќ кон клупите.

Очевидци наведуваат дека ситуацијата за кратко време се претворила во мешаница, но брзата реакција на полициските службеници спречила физичка пресметка.

Портпаролката на Судот за прекршоци во Подгорица, Ана Бокан, изјавила дека до конфликтот дошло пред почетокот на рочиштето, додека странките чекале да бидат повикани во судницата. Таа нагласила дека судењето продолжило без понатамошни проблеми.

По инцидентот, случајот бил пријавен во полиција, а Убовиќ дал изјава во Центарот за безбедност во Подгорица. Според информациите, биле преземени и дополнителни безбедносни мерки пред судската зграда.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран