УТРО.мк

Катастрофална сообраќајка во Бугарија – загинаа три лица

Катастрофална сообраќајка во Бугарија – загинаа три лица
Vero

Во тешката сообраќајка во Софија, која се случила покрај село Челопечене, загинаа три лица, а 10 лица се повредени, од кои седум со тешки повреди. 

Меѓу загинатите се два патника во автобусот – 27-годишен и 31-годишен маж, кој почина по приемот во болница. Третиот загинат, исто така маж, почина во болницата “Св. Анна”.

Според собраните докази, возачите на два автомобили се сметаат за одговорни за катастрофата, се движеле со брзина над 150 км/ч. Еден од автомобилите странично се удрил во автобусот, кој се движел по линија 119, и го превртел на една страна.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран