
73-годишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на 5 јуни во Тетово.
Како што информираат од СВР Тетово, несреќата се случила во 09:55 часот на улицата „Маршал Тито“, кога патничко возило „Форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот Ф.А. од селото Палатица, удрило во пешакот М.Н. (73) од Тетово.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.















