
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Ѓ.Д. (30) од Велес, Ф.П. (28) од Куманово, како и И.М. (23), Б.В. (27), А.Б. (27) и А.Ш. (29), сите од Скопје. При извршените контроли кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, како и грутчеста и прашкаста материја. По целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Во Тетово, околу 23:40 часот на улицата „Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Б. (19) од Тетово, откако при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирањето на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во Битола, во 01:00 часот на улицата „Партизанска“, во близина на спортската сала, полициски службеници од СВР Битола го привеле С.Т. од Битола, кај кого при преглед била пронајдена марихуана.















