
Седумдесет и осумгодишна жена е тешко повредена откако била удрена од патничко возило во сообраќајна несреќа што се случила на 5 јуни во Скопје.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 19:00 часот на улицата „Атанас Митрев“, кога патничко возило „Опел Вектра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Д.В. од Скопје, удрило во пешакот С.О. (78) од Скопје.
Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди и била итно пренесена во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде ѝ била укажана медицинска помош.















