УТРО.мк

Обид за убиство пред малку во Скопје

Обид за убиство пред малку во Скопје
Vero

Лишен од слобода маж од скопско, кој денеска пукал кон соселанец и му нанел повреда. 

Денеска (06.06.2026) полициски службеници од ПС Ѓорче Петров го лишија од слобода Г.А. (43) од с.Шишево, скопско, постапувајќи по пријава околу 16:10 часот од И.Ш. од с.Шишево, дека Г.А. пукал со пиштол кон него на влезот во с. Шишево и му нанел повреда во пределот на увото. 

Според пријавеното, Г.А. и С.А., двајцата од с.Шишево, го пресретнале пријавителот, по што Г.А. извадил пиштол и пукал кон него. 

По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран