УТРО.мк

Има приведени на концертот на Дејвид Гета во Скопје – полицијата со оценка дека настанот поминал мирно

Има приведени на концертот на Дејвид Гета во Скопје  – полицијата со оценка дека настанот поминал мирно
Vero

Пет лица биле приведени за време на вчерашниот концерт на светски познатиот диџеј Дејвид Гета, кој се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, за време на настанот биле регистрирани две нарушувања на јавниот ред и мир, по што полициските службеници привеле вкупно пет лица.

Од безбедносен аспект, полицијата го оценува концертот како исклучително мирен, без посериозни проблеми во обезбедувањето на објектот и нормалното одвивање на сообраќајот.

И покрај големиот број посетители, протокот на публика пред почетокот и по завршувањето на концертот се одвивал без поголеми застои.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран