УТРО.мк

Запалил сува трева во Тетовско, пожарот се проширил на голема површина

Запалил сува трева во Тетовско, пожарот се проширил на голема површина
Vero

55-годишен жител на тетовското село Гајре е лишен од слобода откако при чистење на својот имот запалил оган, кој набрзо се проширил и зафатил поголема површина.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот се случил на 8 септември, на местото викано „Мала Зецка“, во близина на Гајре.

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишиле од слобода Р.С. (55). Според пријавеното, тој при чистење на имотот од сува трева и нискостеблеста шума запалил оган, но огнот набрзо излегол од контрола и почнал да се шири.

Во гаснењето интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица Тетово и вработени во Шумското стопанство. Пожарот бил локализиран и изгаснат, а според МВР, нема повредени лица.

Случајот се расчистува и документира, по што против 55-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава за „Предизвикување општа опасност“.

Од институциите повторно апелираат до граѓаните да не користат оган на отворен простор без соодветни мерки на претпазливост, особено при високи температури и суво време, бидејќи огнот може за кратко време да се прошири и да предизвика сериозна материјална штета.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin